Македонија

Дождот и нивите со кал го оневозможуваат жнеењето на оризот во Кочанско

Оризот во кочанско се уште не е ожнеан на нивите.

Кочанските оризопроизводители живеат во страв дека родот ќе им остане , бидејќи комбајните не можат да влезат во нивите полни со вода и кал.

Најавите за нови врнежи од дожд дополнително им носат главоболки, а стравуваат и дека тоа ќе се одрази и на квалитетот.

Оризопроизводителите Тоше Даниколов и Петре Димитров за да преживеат секој петок се на штипскиот пазар, за да си го продадат родот од лани.

Сметаат дека е издржано барањето на Иницијативниот одбор и на Синдикатот на земјоделци да се прогласи елементарна непогода во регионите, каде се произведува оризова арпа.

Ниската откупна цена, но и трошоците за сеидба и жетва се причина и за намалување на површините.

Жетвата и лани се пролонгираше еден месец, па комбајните во нивите беа и во ноември.

Според оризопроизводителите  една од причините поради што доцни  жетвата на оризот е и задоцнетата сеидба.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

Дејан Дејан

Колку се безбедни пешачките зони?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе