Обвинителството сеуште истражува, МВР не ги пронајде 83-цата вооружени криминалци кои требаше да прават немири на денот на изборите откако партиски член дојавил до амбасада на САД. МВР го затвора случајот откако преку тајните служби ги провериле наводите дали на слобода шетаат осудени криминалци со пиштоли за да прават немири на денот на изборите.
По извршените проверки и консултација со Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнување (АР) се утврди дека пријавата е неоснована и дека не постоеа издржани индиции за присуство на такви лица на денот на изборите, но и претходно во кампањата. А тоа се покажа и на денот на изборите кои поминаа во најдобар ред,“ информираат за Телма од МВР
Во обвинителството, пак, сеуште е отворен предмет и се проверува информацијата која до нив ја пренесе амбасадата на САД откако партиско лице ги известило за повеќекратно осудени сторители на кривични дела дека незаконски добиле слобода и оружје. Три дена по пријавата останува непознато кој ја известил амбасадата на САД, бидејќи за Телма од партијата Алијанса на албанците негираат дека било кое официјално партиско лице комуницарало со дипломатите на Кале.Според, Бујар Османи шефот на дипломатијата амбасдата на САд постапила правилно пријавувајќи ја информацијата до обвинителството. „Јас воопшто не би земал за зло на обидите превентивно да се преземе нешто отколку воопшто да не се реагира,“ кажа утрово ОСмани за утрински брифинг но без да појасни детали за овој скандал кој одекна на денот на изборите. МВР, првиот круг гласање го оцени како мирен и безбеден, додека обивнитлеството отвори десетиан предмети и сомничи десетици прекршители на изборниот процес, кои агитирале за време на молк ,поткупувале граѓани и уништрувале избирачки материјал.
Павле Беловски
