Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10.653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.
На гласачките места во КПУ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 899 гласачи. Од податоците кои што ги добивме од Општинските изборни комисии гласаа 1 229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7 907, до овој момент според ОИК-ии гласаа 5 477. Во однос на лицата кои беа пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради Ковид -19, од пријавените досега гласале 304 лица. Гласањето за овие категории на гласачи се уште трае и избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат, рече Гугуческа.