Вести Македонија Топ вести

Публика со две дози вакцина на настани во затворен простор

Не се очекува нов силен бран на КОВИД-19 и оптоварување на болниците, но не се исклучува ни можноста вакцината да биде задолжителна, иако засега не се размислува за тоа. Состојбата со вирусот постојано се следи и од тоа како ќе се развива ќе се преземаат и мерките. Се воведува услов посетителите на културни настани во затворени објекти да бидат вакцинирани со две дози, а исполнетоста на салите да биде 50 наместо како досега 30 отсто од капацитетот.

  • Во целата држава е во пораст опфатот со вакцинација. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни. Тешко е да се предвиди како ќе се движи состојбата со вирусот. Има различни студии и предвидувања. Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е исклучено. Ќе видиме каква ќе биде епидемиолошката состојба во следниот период, ќе видиме дали овој опфат со вакцина и натаму ќе ги намалува бројките и врз основа на тоа би носеле нови одлуки, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе