Семејството молчи, полицијата ќе истражува кој е мистериозниот лекар кој во с. Држилово 14 дена лекувал 65- годишна жена против ковид 19 која почина во градската болница 8 – септември неколку часа по приемот. МВР го пронајде известувањето кое од вчера талка во административните лавиринти ,а го поднесе надлежниот државниот санитарен и здравствен инспекторат.
МВР:„Во врска со случајот за кој прашувате добиено е известување од ДЗСИ по кое постапуваме со цел расчитување на случајот,“ се наведува во краткото известување од МВР
Скандалот до инспекторатот го пријави дежурниот лекар во болницата „8 – Септември“ откако семјеството на починатата кажало дека таа примала инфузија со два типа лекарства во домашни услови. Сега тие ќе мораат на полицијата да и одговорат кој е човекот кој во домашни услови лечел пациенти. Во извештајот на инспекторат се наведува дека пациентката биле лекувана со Меропенем и Колистин, лекарства кои не можат да се купат во аптека а агенцијата за лекови препорачува тие да бидат користени само во болнички услови и тоа преку инфузија. Употребата на овие лекарства неофицијално фрла сомнеж дека лицето кое ги употребувало овие лекарства има пристап до здравствена установа. Додека, полицијата трага по мистериозниот лекар, министерот за здравство Венко Филипче порача дека терпијата за ковид мора да ја одредува единствено матичен лекар.
Инспекотратот ја проверил работата и на матичната докторка со ординација во Кисела Вода и во нејзината документација е евидентирано дека пациентката биле зведена како ковид случај, но таа одбила хоспитализација иако и се влошувала здравствената состојба. Освен инфузија, таа од надри лекарот добила и катетер. Во, „8 Септември пристигнала во шокова состојба со сатурација 84. Веднаш била приклучена на кислород, но не ја дочекала рентген снимката и починала по неколку часа. Од вкупно 3 илјади пациенти заразени со коронавирусот кои се лекувале во ковид центрите на интерните клиники изминатите шест месеци, бројот на починати е 381, а дури една петтина од нив починале истиот ден кога биле примени во болница, а апелираше и инспекторат граѓаните да се лекуваат во домашни сулови освен ако тоа не го препорача матичниот лекар.
Павле Беловски