Македонија Топ вести

По втор пат иста пресуда – 19 години затвор за Анѓела Ѓорѓиевска, соизвршител во убиството на Пино Секондо

Деветнаесет години затвор за Анѓела Ѓорѓиевска која е соизвршител во убиството на 26 годишниот Пино Секондо. Ова е втора и иста пресуда како и првата која ја донесе кривичниот суд а која скопскиот апелационен суд ја врати на повторно судење. Адвокатите на осудената ќе ја обжалат и оваа пресуда, велат обвинителството нема докази дека Анѓела била соучесник.

Без емоции 23 годишната Анѓела Ѓорѓиевска ја слушна пресудата. Виновна е бидејќи била соучесник во убиството на младиот Пино секондо кое се случи пред три години. 19 годишната затворска казна судијката Ленка Давитковска и судечкиот совет и ја даваат по втор пат. Една од клучните моменти за Пино да биде убиен е што токму Анѓела го повикала да дојде кај неа пред зграда, за тоа што наводно имала изненадување за него.

Пино секондо исчезна на 11 декемви 2018, та а се трагаше по него речиси половина година. неговото тело беше пронајдено случајно во дупка ископана на Љуботен. Убиецот Али Фуркан со кого соработувала Анѓела е во бегство. Според нејзиниот адвокат обвинителството немало доволно докази за тоа дека таа била соизвршител.

Адвокатите повтроно најавија жалба пред апелација а ке треба да се изјасни и вишото обвинителство. Првиот пат зачуди промената на ставот на вишото обвинителство кога во предметот се вклучи обвинителката Фатиме Фетаи. Писмениот став бил направен од еден виш обвинител, а на Апелација новоизбраната Фетаи го сменила ставот затоа што според неа биле утврдени суштествени повреди на фактичката состојба во делот на изведени докази.Според информациите на Телма, како неутврдена фактичка состојба беше наведено тоа што не е најдена пушката со која е извршено убиството, ниту точно е прецизирано времето, начинот и местото на убиството. Обвинителката Лидија Раичевиќ денеска не даде изјава, само кусо искоментира дека во пракса се познати и други случаи каде оружјето не е пронајдено за завршиле со затворски казни.

Билјана Николова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе