Остри критики од академиците за барањето на бугарскиот претседател Радев, Бугарите да се внесат во Уставот. Академик Катица Ќулавкова смета дека однесувањето на бугарските политчари е недозволиво, надвор од европските вредности, бара да се прекинат натамошните разговори затоа што немаме добиено никаква гаранција за влез во унијата, а дури и да ја добиеме, не смееме да бидеме преседан во Европа.
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев бара широк политички консензус и изготвување на нов документ во кој со консензус ќе бидат прецизирани црвените линии од кои нема да има отстапки.
Премиерот Заев вчера рече дека Бугарите ќе влезат во Уставот пред да станеме земја членка на ЕУ. Македонската страна нема да бара реципроцитет затоа што Бугарија не признавала организирање на други етнички заедници.
Во наредниот период двете страни интензивно ќе разговараат за шесте точки. Покрај за бугарското малцинство во Уставот ќе се преговара и за употребата на краткото име, говорот на омраза, работата на историската комисија, правата на малцинствата, немешањето во внатрешните уредувања на двете земји. Првиот таргет е 14 декември, самитот на Советот на ЕУ, за кога се очекува позитивен сигнал.
Јулијана Пешевска