Вести Македонија

Осуденик од струшки затвор лажел дека е женско и измамил кочанчанец со чии податоци земал брзи кредити

Иако издржува 7-годишна затворска казна во затворот во Струга, 30-годишен стружанец успеал да измами жител на кочанско село и со негови податоци да добие брзи кредити.

Затвореникот на апликацијата месинџер, глумел дека е женско и од жртвата успеал да ги добие неговите лични податоци и трансакциската сметка, наводно за трансфер на пари од странство.

Со податоците, затвореникот и негов штипски познаник успеале да аплицираат и извадат брзи кредити од две различни финансиски друштва, во вкупна вредност од 76.500 денари.

Затвореникот продолжил со својата женска улога и ја убедил жртвата да ги извади парите, наводно пратени од странство и да ги предаде на второосмничениот 28-годишен штипјанец.

МВР и на двајцата им поднесе кривична пријава за измама.

Слични измами се забележани и порано кога со украдени лични податоци се подигаат брзи кредити, а полицијата истражуваше десетина такви случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе