Ковид19 Свет

Србија со рекорден број на новозаболени во еден ден

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 8.467 нови случаи на коронавирус и 45 смртни случаи. Ова е најголем број на новозаразени за еден ден, од 1 декември минатата година, кога беа регистрирани 7.999 новозаболени.

Во последните 24 часа, 45 лица починаа од последици од коронавирусот, така што вкупниот број на жртви во Србија изнесува е 8.142, објавено е на веб страницата на Министерството за здравство covid19.rs.

Вкупно во Србија досега се заразени 926.269 луѓе, а во моментов во болниците има 6.155 пациенти, од кои 251 се на респиратори.

Во последните 24 часа беа тестирани 26.292 лица, а вкупно од март 5.601.570 граѓани.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска во Белград дека „се е подготвено за ковид пропусниците, но дека се уште се размислува дали ќе се оди на тоа“.

Ковид пропусниците не се сребрени, магичен куршум за решавање на оваа ситуација. Tие се само начин некако да ги мотивирате младите да се вакцинираат, ништо повеќе од тоа. Единствениот одговор на сето ова е вакцинацијата, изјави Брнабиќ.

Таа кажа дека досега се вакцинирани 53,4 отсто од возрасната популација на Србија, но дека само 21,4 проценти се на возраст од 18 до 30 години, што го оцени како „поразително“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе