Македонија Топ вести

Именување и разрешување судии без аргументација – однапред донесена одлука или политичко влијание?

Судии седнувааат во претесдателски фотељи на судовите заради системот на заслуги или заради однапред донесела одлука. ОВа е само едно од прашањата на Коалцијата сите за правично судење која ја следела работата на судксиот совет и консатирале дека одлуките се носат без дебата и зад затворени врати. Така се избираат, но и разрешуваат судии со што се остава впечаток дека одлуките однапред се догвораат, а седниците се само козметика. Одгворот во денешната дебата на претседателката на судски совет е дека енма мешање во изборот и мерит системто функционира, и секое унапредување е по лични засулги на самите судии.

Без аргументација и зад затворени врати. Се разрешуваат и именуваат судии без дебата. Судскиот совет наместо да ги отвори ги затвори вратите за јавноста. Овој заклучок следи по едногодишнтото следење на работата на судскиот совет од страна на коалицијата сите за правично судење. Системот на заслуги е само козметичка алатка констатираат од коалицијата.

Именување и разрешување судии без аргументација – однапред донесена одлука или политичко влијание се дилемите околу транспарентноста и независноста на судската власт за кои често се пристигаат критики, велат од коалицијата. Јавноста наместо дебата добива кусо соопштение за јавноста со одлуките на челновите на советот.

15 претседатели на судови за кус рок седнале во претседателските фотељи на судовите, а Најчесто едногласно. Напредувањето е според личните заслуги и мерит системот тврди претседателкат ана судски совет.

И граѓаните кога се жалат од работата на судиите најчесто претставките завршуваат со кус одговор дали се основани или не без притоа да биде објаснето за што се однесува претставката на јавните седници, се наведува во извештајот на колацијата сите за правично судење.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе