Вести Македонија Најважни

Тендерски документ открива: Надлежни за модуларната во Тетово биле општината и директорот на болницата

Директорот на тетовската болница, Флорин Бесими понуди оставка, но неговото име останува впишано во документот од Светска банка и министерството за труд и социјала со кои минатиот октомври се вршела изградата, а требало да се контролираат квалитетот и функционалната на модуларните болници.

Според документот кој го обелодени Дојче Веле на македонски за тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата. Бесими фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор.

Понатака, документот на Дојче Веле открива дека и во третата фаза одржување впишано е името на Бесими кои 11 години директорува со болничкиоѕт центар во Тетово како вршител на должноста. Одговорноста тој ја делел со општината Тетово.

  • План за регуларно одржување на инсталациите (вода, одводна мрежа, струја, греење) во болницата надлежни се:  Претставници на општина Тетово, директорот на болницата во Тетово, Комунален инспектор и одговорно лице во болницата);
  • За подготовка на План за заштита од пожар и имплементација на заштитни мерки надлежни се: директорот на болницата во Тетово и одговорно лице во болницата.

Документот кој произлегува од тендерската постапка покажува дека и во останатите 16 вакви објекти ширум земјата надлежноста за комплетниот надзор над работата припаѓа на директорите на болниците, во некој случаи и економскиот директор, во една болница тоа е главната сестра, а во Штип и Велес не стои име туку е наведен терминот „,менаџер“.

Понатаму Дојче Веле пишува дека во документот јасно се наведува дека во речиси сите фази од изградбата и контролата на објектите надлежноста е кај локалната власт и понудувачот „Брако“, од  подготвителната фаза, па се до последната оперативна фаза, за контрола на изградбата, функционалноста и заштитните механизми во објектот надлежни.

Реагираа и од општината кои негираат вакви информации. Општина Тетово ја префрла одговорноста за (не)контрола врз модуларната кон Министерството за здравство и градежните инспектори

Истрагата која 13-ти ден собира докази и изјави и прави вештачења треба да даде одгвор и за присуството на супервизор од општината Тетово во првата фаза, па се до ангажамонот на иснпекторите во понатамопните фази за комплетирање на модуларниот објект.

Надоместоците за овие лица биле испланирани и во буџетот а требал да ги исплати изведувачот. Согласно договореното, по реализацијата на проектот, односно завршувањето на модуларните болници, во документот требало да биде впишано и името на инженерот кој извршил надзор над завршената работа.

Таа графа останала празна во сите модуларни болници. Државата за овој проект зема кредит од Светска банка и за 3,8 милиони евра иозгради 17 модуларни болници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе