Македонија Најважни

Отстранетиот претседател на синдикатот во “Пелагонија” негира дека политички агитирал

Претседателот на синдикалната организација во најголемиот земјоделски комбинат „Пелагонија“од Битола, Менде Милевски,  обвинува дека поради полтички причини е отстранет од работното  место.

Тој вели дека и покрај имунитетот што го поседува како прв синдикалец пуштен е дома на половина плата.

Како причина за ваквата одлука  се  наведува тоа што агитирал кај вработените да гласаат на изборите за една политичка партија.

Христовски категорично демантира и тврди спротивно,  дека еден од сопствениците на комбинатот барал од него да агитира за другата опција

-Ми рече турнете ја оваа Влада ако сакате да има К15,  по што следи оваа одлука во која е наведено дека политички сум дејствувал врз вработените, сум ги наведувал да гласаат за една политичка партија. Остранет сум поради политичко делување и сум растурал пропаганден материјал. Тоа не е вистина, вели Менде Милевски, претседател на Синдикатот  во ЗК Пелагонија.

Раководството на комбинатот пак вели дека првиот синдикалец спроведува лични интереси, а целта е да се дестабилизира комбинатот откако е направена консолидација и навреме се исплаќаат сите плати.

-Политика нема, туку тој со неговото однесување ја злаоупотребува функцијата претседател на Синдикатот и затоа одборот на директори ќе одлучи за неговиот статус во фирмата. Мора да има ред и дисциплина и не може кој како сака да се однесува, Драги Петровски, директор во ЗК Пелагонија

Синдикатот  денеска уште еднаш побара да биде исплатен  К15 за 2019 година, а од раководството на ЗК Пелагонија велат дека очекуваат прилив на средства, по што регресот ќе биде исплатен наскоро.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе