Свет

Радев до бугарската техничка влада „Времето не чека“

Претседателот на Бугарија Румен Радев ја пофали првата техничка влада на Стефан Јанев, велејќи дека таа многу добро се справила со својата задача, јави дописникот на МИА од Софија. Во овој период, според Радев, владата одржа фер избори и драстично го намали бројот на купените гласови.

Во Бугарија за првпат се одржаа избори со масовно машинско гласање, додаде претседателот Радев. Владата на „Јанев 1“ го откри тешкото наследство на ГЕРБ, олигархискиот модел на влада, како и незаконитоста во големите инфраструктурни промени и расветли и запре многу корупциски шеми, коментираше бугарскиот претседател Румен Радев при примопредавањето На Новиот бугарски привремен премиер Стефан Јанев изрази надеж дека гласачите ќе бидат мобилизирани бидејќи на земјата и треба влада со парламентарна поддршка. Првата задача на премиерот на Бугарија ја постави организацијата на фер избори на 14 ноември. Следните месеци, според Стефан Јанев, нема да бидат лесни за Бугарија. Според него, Бугарија не може да биде во трајна политичка криза, и и треба влада која ќе има поддршка од Националното собрание.

Јанев истакна дека во Бугарија е постигнат економски раст и ниска невработеност за време на владеењето на неговата прва техничка влада. Новата техничка влада на Бугарија денеска ќе го одржи првиот состанок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Хамас: Повикот на Израел до цивилите да евакуираат од Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Дејан Дејан

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе