Вести Свет

Штетите од лошото време во САД – над 100 милијарди долари

Штетите од екстремните метеоролошки појави во САД оваа година ќе изнесуваат повеќе од 100 милијарди долари. Тоа го изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на државата Колорадо. Тој претходно посети пожари во Калифорнија и Ајдахо, додека бури во други делови на земјата предизвикаа поплави и однесоа десетици животи.

Тропската бура Николас ги погоди бреговите на Тексас и Луизијана вчера, предизвикувајќи поплави и прекин на електричната енергија во стотици илјади домови.

Бајден го користи патувањето за да добие поддршка за планот за трошоци за инфраструктура, чија цел е справување со зголемената закана од климатските промени, јавија американски медиуми.

– Треба денес да ги направиме инвестициите што ќе ги забават климатските промени, а не утре, рече Бајден.

– Освен загубените и уништени животи минатата година, лошото време ја чинеше Америка 99 милијарди долари. Оваа година, овој рекорд ќе биде надминат, со штета од над 100 милијарди долари, наведе претседателот на САД.

– Ја знаеме причината за ова – климатските промени. Јас поставив цел за САД – да постигнат намалување од 50 до 52 проценти на емисиите на штетни гасови до 2030 година. Можеме да го постигнеме тоа на начин што ќе создаде добри работни места, ќе ги намали даноците за потрошувачите и бизнисите, што ќе не направи глобални лидери во целосно нова индустрија, додаде Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе