Вести Свет

И по 20 години, нема утеха за семејствата на жртвите од терористичките напади во САД

На денешен ден пред 20 години, вторник, во 8 часот утрината бомбаши самоубијци киднапираа два американски авиони и ги насочија кон Светскиот трговски центар во Њујорк, убивајќи илјадници луѓе. Следуваше ист напад врз зградата на Пентагон и во Пенсилванија. Нападите остануваат најтрауматичнен настан на векот, не само за Американците, туку из ацелиот свет. Речиси три илјади луѓе загинаа. Деца пораснаа без родител, сопружници останаа сами, родители без деца. За семејствата на жртвите нема утеха и по две децении. Не пресушуваат солзите за мајката на Кејти Маза. Медицински работник, која тој вторник имала слободен ден. Но, гледајќи ја трагедијата на телевизија истрчала да помогне. Од зградата спасила стотици повредени, се додека објектот не се урнал врз неа.

Тој ден е секој ден тука, тоа утро е секое утро, тука е секој ден. Тоа е нешто што ќе однесам в гроб. За да загубите дете, имате дете. Ако некогаш го загубите детето, никој не може да го замени. Можете да имате и друго дете, но не можете да го замените тоа. ништо не ја заменува Кејти, вели мајката Роуз Маза. 

Дел од оние кои го преживеаа овој хорор, сведочат дека денот го живеат секој ден. По 20 години се помирени, и се обидуваат да излечат порака дека сепак не се уништени.

Тоа е нешто што живее со вас секојдневно. Но, исто така ме мотивира да живеам подобар живот. Начинот на кој можеме да оддадеме почит на оние кои ги загубивме, и оние кои беа повредени е да се живее плоден живот, да бидете пример за другите. 11-ти септември не не уништи како што сакаа терористите да не уништи, сведочи Вил Џимено, кој го преживеал нападот. 

Но, го уништи соживотот во земјата од соништата. По нападите, омразата кон Американците со арапско потекло, муслиманите или другите е енормно зголемена. А податоците на ФБИ покажуваат дека иако денеска намелена, бројките никогаш не се вратени на ниво од пред нападите.

Знаете, бев бесно дете. Бев многу збунет за тоа зошто сум роден и израснат тука, зошто луѓето, зошто ме отфрлаат?, вели ТЕЏПОЛ БАИНВАЛ, ДОКТОРАНТ НА УНИВЕРЗИТЕТ КАЛИФОРНИЈА

Во Америка не лебди во воздухот само нетрпеливоста. Жителите на долен Менхетен и по 20 години пријавуваат болести, најмногу рак на кожата и желудочни тегоби, за кои докторите веруваат дека се од изложеноста на тони азбест, стакло, гипс кои паднаа од зградите близначки. За оние кои го изголтаа правот, и на семејствата на загинатите, Америка потроши речиси 17 милијарди долари.

Наредба да се нападне Авганистан даде тогашниот претседател Џорџ Буш. Убиени од тагата и длабоките лузни, Американците отпрво ја поддржаа оваа војна, иако Осама бин Ладен беше ликвидиран, војниците останаа во Кабул, цели 20 години – се до 31-ви август годинава, откако актуелниот претседател Бајден нареди дека е доста. Но, пред самиот крај на оваа војна, загинаа последните 13 американски војници, поради што многумина се прашуваат дали дводецинската војна вредеше за сите американски воени жртви. Но, по повод денешниот ден Бајден повика на национално единство. Мора да имаме фундаментална почит и верба еден во друг, и во оваа нација”, истакна американскиот претседател.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Блупринт: Загрозен е независноста на Академијата за судии и јавни обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе