Македонија

Директорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими поднесе оставка

Директорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поднесе денеска оставка на својата функција со објава на социјалната мрежа Фејсбук:

Почитувани граѓани, почитувани Тетовчани

Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница на Тетово да изразам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во модуларната болница за Ковид-19 во Тетово.

Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи.

Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чувствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово.

После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна.

Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19.

Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.

Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија.

Функцијата не е пред достоинството и човечноста.

На повредените им посакувам побрзо да закрепнат!

Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга.

Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани!

Со длабоко сочуство и искреност,

Фљорин Бесими

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе