Вести Македонија

Муцунски за Аеродром, Зафировски за Карпош, Коњановски за Битола, ВМРО-ДПМНЕ утврди 8 нови кандидати за градоначалници

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски влегува во трката за градоначалник на Аеродром. Тој ќе му се спротистави на Александар Филиповски од СДСМ. И двете партии во оваа општина на  настапуваат со нови лица. ВМРО-ДПМНЕ утврди уште 7 канидати за градоначалници.Во Карпош поддршката од граѓаните ќе ја бара поранешниот директор на детската болница Козле,а во Битола  уште еден доктор , Тони Коњановски.За Струмица е предложен Жан Дрвошанов, за Кичево Александар Јовановски, Крива Паланка-Александар Рангелов, Старо Нагоричане –Велибор Денковски и Долнени- Ладо Глигороски.

ЛДП и ДОМ соопштија дека ќе настапат со свои  кандидати за градоначалници во општина Центар Антони Новотни, во Карпош Христа Најданов и  Катерина Ѓорѓиевска во општина Зелениково. Со свој кандидат ќе одат и во град Скопје, музичарот Бени Шаќири а во Кисела Вода со Ѓулистана Марковска.

Утре на полноќ истекува рокот во кој партиите треба да ги достават листите со кандидати за градоначалници и за советници по што ДИК треба да го утврди точниот број на учесниците на локалните избори.

Вчера заврши јавниот увид во Избирачкиот список. ДИК информираше дека 14 921 лице се провериле во списокот, поднесени се 281 барање за запишување, 99 за бришење на податоците и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список.

 Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе