Uncategorized Вести Македонија

Кривична пријава за радовишанец за силување на дете кое не наполнило 15 години

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.

Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години. Тој е лишен од слобода, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот на денот ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе