Португалија е првата земја членка на Европската Унија која се приклучи во глобалната мрежа HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството.
Договорот меѓу португалското регулаторно тело Инфармед и непрофитната организација HealthAI со седиште во Женева ѝ овозможува на Португалија пристап до каталогот со здравствени алатки на база на вештачка интелигенција кои ги минаа филтрите на регулаторите.
Покрај Португалија, во HealthAI се и Велика Британија, Бразил, Индија, Сингапур, Филипини, Индонезија, Виетнам, Перу и Замбија.
Мрежата HealthAI, која ја финансираат главно влади, меѓу кои британската, канадската, норвешката и сингапурската, е основана со цел развивање на заеднички стандарди и управувачки рамки за вештачка интелигенција во здравството.
