Вести Свет

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Американската администрација одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во САД, покажува владин документ што денеска беше објавен, како нов чекор во нејзината многу рестриктивна имиграциска политика.

Според новите правила кои треба да стапат на сила во рок од два месецa, доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе од четири години.

За странските новинари, нивниот престој ќе биде скратен на максимум 240 дена или околу осум месеци, со можност за поднесување барање за продолжување за периоди со исто времетраење.

За кинеските новинари ќе важи особено рестриктивна рамка, така што нивните визи ќе бидат ограничени само на 90 дена.

Досега САД им издаваа визи на студентите за времетраењето на нивните студии, а на новинарите до пет години, пишуваат француските медиуми.

Новата мерка, која владата ја предложи минатата година, ќе влијае на новинарите акредитирани од стотици странски медиуми во САД.

Бројни меѓународни медиуми предупредија во отворено писмо дека оваа одлука ќе „го намали обемот и квалитетот на известувањето“ за актуелните настани во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе