Вести Македонија

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување што се одржа на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што соопштуваат од ДЗС, со постројувањето било утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на ДЗС.

– Пред доброволните пожарникари се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и командант на Силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој ги претстави плановите и очекувањата за претстојната противпожарна сезона. Воедно беше претставена новата внатрешна структура и хиерархија, со цел поефикасна координација, командување и вклучување на доброволните пожарникари во системот за гаснење пожари – стои во соопштението од ДЗС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран се закани: Ќе ја уништиме регионалната инфраструктура ако САД ја нападнат нашата

Kristina Kuzmanovski

Откриени 2000 шишенца со медицински раствор спакувани во папки и кеси во кабина на камион

Дејан Дејан

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе