Вести Македонија Најважни

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка

По шест месеци од преземање на функцијата, Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе неотповиклива оставка, дознава Телма.

Оставката е депонирана во Собранието. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Гаши потврдија дека оставката е примена и архивирана и доставена до спикерот. Во оставката е наведено дека Наумовски ја напушта функцијата поради лични и професионални причини.

Гоце Наумовски беше избран за Уставен судија во февруари годинава по предлог на Собранието.

Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , пред изборот беше надворешен советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски. Тој беше предложен за Уставен судија од владеачкото мнозинство.

Уставниот суд дознал за оставката на Наумовски, од претседеталот на Собранието.

„До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши“, соопштија од Уставен суд.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе