Вести Македонија

Откриени 2000 шишенца со медицински раствор спакувани во папки и кеси во кабина на камион

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото.

Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.

Сторителот, косовски државјанин, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација Турција – Косово и истиот е застанат за контрола од страна мобилниот тим на граничен премин Деве Баир. На прашањето дали има нешто за пријавување освен стоката што е декларирана, возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, по што, поради сомневање е спроведена детална контрола.

Вијалите, вкупно две илјади парчиња, спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.

Медицинските препарати, во случајот вијали со раствор „Гадонанс 7.5 мл“ кој се инјектира венски при магнетна резонанца, подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани температурни и безбедносни услови за чување и транспорт.

Годинава Царинска управа спречи 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати.

 


© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Kristina Kuzmanovski

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе