Во Македонија од почетокот на јули 2026 година се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози.
Со новите случаи, вкупниот број на жаришта од почетокот на појавата на болеста достигна 17, со опфатени над 2.700 животни, информира АХВ.
Од тами велат дека болеста е регистрирана во повеќе одгледувалишта во општините Македонска Каменица, Чешиново-Облешево, Делчево, Свети Николе и Куманово.
Надлежните институции преземаат мерки за контрола и спречување на понатамошно ширење.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека болеста не претставува опасност за луѓето. Се апелира до сточарите да ги почитуваат мерките за биосигурност и навремено да пријавуваат сомнителни случаи.
