Тешка сообраќајна несреќа се случи во Грција на покраинскиот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики во која животот вчера го загубија маж, жена и едно од нивните две деца што се наоѓале во возилото, пишува грчкиот весник „Прототема“.
Кобната несреќа се случила кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало семејството, се судрил со цистерна.

Мајката и едното дете, за кое грчките медиуми пишуваат дека било бебе, починале на самото место, додека таткото на повредите им подлегнал подоцна во болница на Халкидики.
Единствено преживеано е другото малолетно дете, кое е хоспитализирано и се бори за живот.

Возачот на цистерната се наоѓа во добра здравствена состојба.

На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари кои со помош на специјална опрема ги излегувале жртвите од автомобилот.

