Вести Македонија Најважни

Последен ден за договор за Изборниот законик

Денеска истекува дополнителниот рок за постигнување консензус и донесување на изборниот законик но партиите без некакви изгледи дека и воопшто може да ги приближат ставовите и да го донесат.

Изборниот законик е дел од Реформската агенда но сепак партиите и натаму се на дијаметрално спротивставени страни.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека тие ќе го прифатат оној закон со кој ќе се подобри начинот на гласањето, но не прифаќаат воведување механизам со кој изборите би се изманипулирале.

Левица инсистира на една изборна единица. Од ВМРО-ДПМНЕ пак вината ја префрлаат кон опозицијата, бидејќи како што тврдат, опозициските партии немаат намера да се договорат за нов Изборен законик.

Ставот на партиите на Албанците, се дека дијаспората треба да гласа. Албанската лига најави дека ќе го блокира законот, доколку не биде постигнат договор да гласа дијаспората.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе