Европската Унија и Велика Британија потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли меѓу Шпанија и Гибралтар, територија под контрола на Лондон. Документот беше парафиран денеска во Брисел од еврокомесарот за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доети, пренесува агенцијата АФП.
Договорот ги укинува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и содржи планови за поблиска интеграција со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ со целосна заштита на британскиот суверенитет над Гибралтар на барање на Лондон.
Од утре (15 јули) повеќе ќе нема проверка на документи на граничниот премин меѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа низ секојдневно минуваат илјадници луѓе, претежно работници од Шпанија.
Шпанскиот премиер Педро Санчез утре се очекува да отпатува во посета на Гибралтар. Тој го поздрави договорот, велејќи дека „по стотина години, конечно, е можно да се урне последниот ѕид во рамки на Европската Унија“.
Фото: printscreen/youtube
