Балкан Вести Свет

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Над два тона, во мал камион со странски регистарски ознаки, инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција откриле небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија.

Производите, како што пишуваат грчките медиуми, се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без потребната разладна комора, како што предвидува законската регулатива.

Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот транспорт и трговија со производи и небезбедна храна, камионот во кој се транспортирале производите бил преоптоварен за 1 500 килограми.

Сите производи биле запленети и целосно уништени, а биле изречени и предвидените казни и за опасната храна и за прекумерниот товар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе