Со 4:1 Белгија ги победија САД во меч од осминафиналето на СП 2026. Натрпреварот се следеше со многу внимание поради контроверзната одлука на ФИФА која му дозволи на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун да игра, иако требаше да биде суспендиран.
Сепак, по реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, Челниците на ФИФА решија да му ја „замрзнат“ суспензијата на Фоларин Балогун и голгетерот на САД сепак да игра против Белгија.
Сепак и со Балогун на теренот, САД не ја надигра Белгија. По квалитетниот меч на официјалната страница на белгиската фудбалска репрезентација на социјалните мрежи осамна порака: Поништете го сега ова!
Overturn this. 🧏♂️ #USABEL pic.twitter.com/KcBAJp3Z7d
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) July 7, 2026
Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија
