Вести Свет

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран за погребот на Хаменеи – гласни скандирања „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“

Стотици илјади луѓе излегоа денеска на улиците на Техеран, облечени во црно, да се простат за последен пат од врховниот лидер, Али Хаменеи, кој беше убиен во американски напад на 28-ми февруари, на почетокот на нападите на САД и Израел против Иран.

Поворката, долга речиси 20 километри, која се движеше низ центарот на Техеран, беше преполна со ожалостени граѓани што сакаа одблизу да го видат ковчегот на убиениот ајатолах.

Властите најавија дека очекуваат неколку милиони луѓе да бидат дел од погребната поворка, а ковчегот со посмртните останки на Хаменеи ќе биде пренесен и во другите градови во Иран, но и Ирак, соседната држава каде мнозинско население се исто така шиитски муслимани.

Погребните церемонии за Хаменеи, иранските власти ги користат уште еднаш јасно да покажат дека честите изјави на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека со атентатите на ајатолахот и други истакнати лидери во исламската револуционерна гарда, САД де факто извршиле промена на режимот во Техеран.

Толпата на улиците на главниот град на Иран, денеска скандираше „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“  а се испраќаат и пораки за одмазда.

„Нашата главна цел со присуството на оваа церемонија е да бараме одмазда за нашиот маченички имам. Не сме тука за да се простиме од него – нашиот имам и сега е меѓу нас. Мачениците се живи“ – изјави 43 годишниот Есад Гасванд, учесник на погребната церемонија.

„Тука сме за да покажеме дека неговиот пат ќе продолжи и дека секој од овие луѓе ќе продолжи по неговиот пат, со стиснати тупаници. Наскоро, сигурно ќе ја одмаздиме неговата смрт против САД и Израел“ – рече 25 годишната Сахар Зараатгар, учесничка на погребната церемонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Не успеавме да ги собориме балистичките ракети, немаме со што – Зеленски по масовниот руски напад врз Киев

Sasko Dimovski

(Видео) Гол и со насмевка Халанд прими честитки од принцезата на Норвешка

Kristina Kuzmanovski

Ева Костиќ наградена за најдобра актерка на фестивал во Полска за улогата во филмот „17“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе