Припадник на израелската гранична полиција е суспендиран по објавата на видео снимка на која се гледа како фрла шок бомба во автомобил во бегалскиот камп Каландија, на окупираниот Западен брег, и до спречува возачот да излезе надвор, пренесува израелски Јнет.
Порталот ја објави снимката од надзорните камери. На неа се гледа како полицаец приоѓа до паркиран автомобил и вика на лице кое е внатре. По кратката вербална расправија, полицаецот фрла шок бомба во автомобилот која набрзо потоа експлодира.
„Снимката покажува постапување што не е во согласност со процедурите. Случајот е проследен до Одделот за внатрешна полициска истрага за натамошна обработка“, соопштија од полицијата.
מח״ש פתחה בחקירת התיעוד החריג הזה של לוחם מג״ב אתמול במחנה הפליטים קלנדיה כשהוא משליך רימון הלם לרכב ומונע מהנהג לצאת. במג״ב הגיבו: האירוע לא עומד בקנה אחד עם הנהלים@GLZRadio pic.twitter.com/diFfc660R9
— נועם נקש || Noam Nakash (@nakash_noam) July 6, 2026
Двајца патници во автомобилот веднаш излегоа од зачаденото возило. Меѓутоа, полицаецот ја блокира вратата на возачот, потпирајќи се и на тој начин го спречи возачот да излезе.
Јнет објави дека никој не е повреден во инцидентот, дури ниту возачот кој беше оневозможен да излезе од автомобилот.
