Вести Македонија

СДСМ: Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

„Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема“, велат од СДСМ.

Во партиското соопштение тие го обвинуваат Ивановски дека „во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува со партискиот супстрат“,

Од СДСМ велат дека Ивановски кој се  претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, беше генерален секретар на СДСМ, потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година беше шеф на тимот кој ја креираше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров. Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како самопрогласени „реформатори“.

„Претседателот Венко Филипче ја презеде партијата во најтешкиот период. Сега неговата задача е обнова на социјалдемократијата во Македонија. Тој покажа храброст да ја преземе одговорноста кога беше најтешко – за разлика од дежурните „критичари“ и самопрогласените „реформатори“ кои се будат само кога треба да се одработи за туѓи сметки. Свесно влезе во сериозна борба против организираниот криминал и покажува решителност да ја врати Македонија на европскиот и демократскиот пат. Денес, со него на чело, СДСМ ја врати довербата кај граѓаните и заедно со луѓето и организациите обединети во Фронтот за вистина и правда, ќе ја врати власта во рацете на граѓаните. Оваа „Платформа за иднината на Мицкоски“ или ЗНАМ 2.0 не е за реформи. Таа е проект за понатамошно слабеење на опозицијата. Тој обид нема да успее. Сателитите на ВМРО нема да поминат“, пишува во соопштението на СДСМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен за кражби во црква и џамии – приведен тинејџер од Тетово

Sasko Dimovski

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе