Изборниот законик нејверојатно нема да се вброи во спроведените реформски закони за кои Македонија на 15 јули треба да го достави извештајот до Европската комиија за тоа што е сработеното до крајот на 30 јуни. Дека Изборниот законик ќе остане нереализиран, денеска информираше премиерот, Христијан Мицкоски.
На вчерашниот состанок на коориднаторите на пратеничкиите групи во Собранието, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ не отстапиле од своите позиции за начинот на гласање на дијаспората на претседателските избори. ВМРО-ДПМНЕ бара тие да гласаат електронски или по пошта, додека СДСМ е на став дека не може на еден начин да гласа дијаспората, а на друг граѓаните кои живеат во Македонија и дека таквиот начин отвора простор за манипулации со изборите.
Мицкоски притоа ги обвини опозициските партии, СДСМ и Левица, дека ги радикализирале своите позиции околу изборниот законик, за да го блокираат од страв од пораз на следните избори. Според него сите барања на опозицијата можат да се прифатат освен тоа за дијаспората.
На изјавата на Мицкоски реагираа социјадемократите обвинувајќи го за обид за изборен грабеж со гласовите на дијаспората.
Замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбедност и контрола на слободно изразување на вољата на граѓаните, туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности. Гласање преку пошта без строга институционална верификација оневозможува да се утврди идентитетот на гласачот и да се заштити тајноста на гласот. Тоа е директно заобиколување на изборните правила, се наведува во реакцијата од СДСМ.
Со реакција се огласи и партијата Левицаспоред која електронското гласање на дијаспората никогаш не било дел од препораките на ОДИХР, ниту најважно прашање за македонската демократија како што го претставува ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа прашање беше вметнато буквално на самиот финиш на работата на Работната група и нешто за кое не се постигна консензус. Сега, во предложениот текст на Изборниот законик на ДПМНЕ и ДУИ содржани се решенија за кои никогаш не беше постигнат консензус. Во текстот се вградени политичките условувања на ДПМНЕ, додека се исфрлени дури и оние решенија околу кои се изгради консензус… За една изборна единица во Работната група изговорот беше дека било преголем чекор, а денес немаат никаков проблем да инсистираат на целосно нов начин на гласање и тоа само за дијаспората, стои во соопштемнието од Левица.
Изборниот законик инаку е дела од Реформската агенда која Македонија ја достави до Европската комисија како дел од Планот за раст за кој доколку биде донесен до 15 јули ќе и донесе на државава 4.281.623 евра европски пари.
Првичниот рок за носење на овој закон беше 30 јуни 2025 година, но откако тој рок не беше запазен, власта настапи со став дека рокот не е пробиен бидејќи има грејс-периодот до крајот на јуни 2026.
Работната група за реформа на зЗборниот законик беше формирана на 3 март оваа година, на четири месеци пред истекот на рокот за изборите реформи, а работеше на документ со предложени измени подготвен од Министерството за правда во јуни 2025.
Тамара Грнчароска
