Вести Македонија

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Гостиварец дивеел пред домот на родителите на неговата сопруга, а потоа и и физички ја нападнал. Тој најпрво со  возило ја скршил влезната порта, по што удрил во паркирано возило, и потоа ја нападнал сопругата.

Насилството се случило на 30 јуни и против него се поднесени кривични пријави за телесна повреда и за загрозување на сигурноста.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ. Х. (49) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот на 30.06.2026 во домот на родителите на неговата сопруга во Гостивар ја оштетил влезната порта со возило, удрил во паркирано возило и оштетил прозорец од куќата, а потоа физички ја нападнал неговата сопруга“, соопшти МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еднонеделни погребни церемонии за Хаменеи – милиони луѓе ќе се простат од врховниот лидер

Дејан Дејан

(Фотогалерија)Со пари добиени од ЕУ е набавена опрема за македонската армија

Tea Dimkovska

Реплек одбележува 10 години од првото производство на производи на база на медицински канабис – првиот КА-информативен центар во регионот обезбедува бесплатни и стручни информации за пациентите  

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе