Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе е расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање.
За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани.
Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари.
Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5 проценти.
Согласно проекциите, за годинава се очекува економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит 4,1 процент.
