Uncategorized Вести Македонија

Новаковски во „Топ Тема“: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија.

Според него, државата веќе подолг период се „поигрува“ со Изборниот законик, додека клучните препораки на меѓународните организации остануваат само на хартија.

Новаковски посочи дека многу од препораките на ОБСЕ/ОДИХР се провлекуваат низ изборните процеси уште од 2008 година, без да бидат суштински решени.

  • „Тие препораки се уште опфатени со изборите од 2008 до сега во сите изборни процеси. Со секој изборен циклус тие се потврдуваат или се дополнуваат и се формулирани во еден документ како збирка на препораки“, изјави Новаковски.

Тој потенцираше дека иако имало најави за нов Изборен законик по парламентарните избори во 2024 година, тоа не се случило, што е јасен сигнал дека препораките не се почитуваат.

Еден од главните проблеми, според поранешниот прв човек на ДИК, е затвореноста на процесот на преговори меѓу политичките партии, кој често се одвива под покровителство на Министерството за правда, но без доволно информации за јавноста.

„Никој не е во тек со преговорите, сите завршуваат со административни соопштенија од Министерството за правда, кое беше домаќин на тие разговори, и сега ги дознаваме деталите кога партиите почнуваат да се расправаат“, истакна тој.

Новаковски објасни дека постои јасна разлика меѓу она што се технички препораки на ОБСЕ/ОДИХР и она што се политички одлуки кои треба да ги донесат партиите, како што е промената на  изборниот модел.

  • „Овој Изборен законик треба да се фрли и да се направи целосно нов. ОБСЕ/ОДИХР никогаш не навлегуваат во горливи политички прашања и политички одлуки како што е промена на изборен модел – отворени или затворени листи, една изборна единица, цензусите… Тоа се политички одлуки како државата ќе го креира својот амбиент“, заклучи Новаковски.

Тој откри и дека како претседател на работната група во летото 2023 година, се соочувал со непријатни средби со меѓународни претставници кои оправдано прашувале зошто ниту основните препораки не се донесуваат со години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Новаковски за електронско гласање: Државата не е подготвена, една Германија ги фрли машините

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија- кога нема резултати, се бркаат политички противници

Дејан Дејан

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич оствари средба со министерот Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе