Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија- кога нема резултати, се бркаат политички противници

Христијан Мицкоски се претвори во обвинител и судија. Денеска, по кој знае кој пат, повторно преку медиумите испраќа закани до политичките противници. Вакво нешто го нема ниту во Северна Кореја, реагираат од СДСМ.

  • Од собраниска говорница, преку медиуми и јавни настапи, тој најавува апсења на „поранешни функционери“ и им наредува на институциите што треба да се случува. Ова не е владеење на правото. Ова е политички прогон. Мицкоски нема ниту еден позитивен резултат по две години на власт, вели опозицијата.

Потсетуваат дека економијата е во колапс, инвестициите се намалени за 60%, младите заминуваат, а европскиот пат е блокиран.  Наместо да одговара за сопствените неуспеси, тој ги злоупотребува институциите како политичко оружје против опозицијата. Кога нема што да покаже, тогаш се бркаат „поранешни“, пишуваат меѓу другото во соопштение до јавноста од СДСМ.

 

Мицкоски во „Директно“: Поранешни функционери наскоро пред лицето на правдата, опозицијата клевети без докази

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новаковски во „Топ Тема“: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Дејан Дејан

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич оствари средба со министерот Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски

Дејан Дејан

Мицкоски: Изборниот законик е заложник на политички калкулации, електронското гласање за дијаспората е нашата „црвена линија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе