Вести Македонија Топ вести

ЗНМ го осудува попречувањето на новинарска екипа на Телма во Тетово и бара итна истрага

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува непрофесионалното и недозволиво постапување на директорот на Центарот за вработување во Тетово, Нехат Османи, како и на лицата кои биле присутни во неговата канцеларија, кон новинарот Александар Самарџиев и снимателот Зоран Тодоровски од ТВ Телма.

Според информациите од колегата Александар Самарџиев, додека  се обидувале да добијат изјава за поплаките на граѓаните за долгото чекање при поднесување документи за мерките за самовработување, биле изложени на притисок снимениот материјал да биде избришан. Особено загрижува фактот што снимателот бил принуден да ги избрише снимките, по барање на директорот и други присутни лица.

ЗНМ потсетува дека секое попречување на работата на новинарите, притисок, закани или присилување за бришење на новинарски материјали претставува сериозен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде навремено и објективно информирана.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи без одлагање да ги утврди сите околности на овој случај, да ја испита евентуалната одговорност на сите инволвирани лица и да постапи согласно своите законски надлежности.

Институциите и носителите на јавни функции имаат обврска да обезбедат услови за непречено известување, а не да вршат притисок врз новинарите и медиумските работници. Заштитата на новинарите е предуслов за функционирање на демократското општество и за остварување на правото на јавноста да знае.

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич оствари средба со министерот Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски

Дејан Дејан

Мицкоски: Изборниот законик е заложник на политички калкулации, електронското гласање за дијаспората е нашата „црвена линија“

Дејан Дејан

Мицкоски: Струјата нема да поскапи, туку ќе биде поевтина за граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе