Вести Македонија Топ вести

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Предлог-законот за игрите на среќа помина во прво читање во Собранието. 59 пратеници дадоа поддршка за за да се воведат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа.

Една од клучните измени е воведувањето забрана казина и објекти за игри на среќа да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата. Се предвидува и забрана за рекламирање на излозите на коцкарниците, како и забрана за реклами со кои коцкањето се претставува како начин за личен успех или брза заработка.

Уште еден собраниски филтер помина и новиот Закон против пушењето, кој предвидува поригорозни забрани и  заштита од штетните последици и изложеноста на чад од цигарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица

Tea Dimkovska

Централизација на градежна инспекција, видео мониторинг на градилишта и задолжителен депозит од инвеститорите најави Ѓорѓиевски

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе