Вести Македонија Најважни

Судење „Пулс“: Се презентираат докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“

Денешните докази на судењето за трагедијата којашто се случи во пожарот во Кочани се  однесуваат на функционирањето на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, за нејзиниот формален сопственик Јане Јанчевски, за неформалниот сопственик како што тврди обвинителството Александар Нацев и четворицата обезбедувачи коишто биле на лице место вечерта кога се случи пожарот.

За вистинскиот сопственик Јане Јанчевски беа презентирани низа документи на коишто тој има ставено потпис, а коишто биле обезбедени со претресите коишто биле извршени во агенцијата „Рубикон“, во неговиот дом како и во домот на Александар Нацев. Тој ставал потписи како сопственик којшто фигурира и во Централниот регистар на повеќе финансиски исплати, на договори за вработување, на тендери добиени за обезбедување на повеќе институции.

Она што повеќе беше спорно за одбраната беше тврдењето на обвинителството за неформалниот сопственик Нацев којшто се јавува само на неколку документи со свој потпис.

Тој никаде не фигурира во Централниот регистар, но обвинителството тврдеше дека со тоа што е најдено при претресот огромна документација кај него за работењето на „Рубикон“ ќе докаже дека и тој сноси одговорност за тоа што се случи во дискотеката „Пулс“. Беше презентирана неговата лиценца којашто ја има како обезбедувач, но не како „Рубикон“, туку секое лице коишто ги положило
испитите ја добива оваа лиценца. Исто така беше презентирана и визит-картичка од „Рубикон“, но одбраната инсистираше јавноста да биде дека на визит-картичката пишува дека се работи за консултант во „Рубикон“.

  • Од страна на обвинителството беа презентирани докази и беше посочено дека при претрес на дом кај обвинетиот Александар Нацев била пронајдена обемна доказна документација којашто укажува на тоа дека ова лице е вистинскиот, односно како што велат тие, неформалниот сопственик, што одбраната целосно го оспори уште со давањето на воведни зборови. На денешната расправа посочивме и дека ниту еден доказ од таа спомената обемна документација не е пронајдена во домот на Александар Нацев и дека се работи за документација којашто била пронајдена подоцна при претрес на возило, меѓутоа документација којашто не укажува на тоа дека ова лице имало било какво управувачка, односно сопственичка структура во друштвото за обезбедување на имот и лица „Рубикон Секјурити Солушнс“ (Rubikon Security Solutions), рече адвокат на Александар Нацев.

Инаку според обвинителството и она што беше презентирано како доказ денеска е тврдењето дека формален договор меѓу „Рубикон“ и „Пулс“ дискотеката, кабарето „Пулс“ немало. Постоел некаков договор за патролно обезбедување меѓу „Рубикон“ и „МММ Кафе“ којшто требало да важи до јуни 2025-тата година, но којшто рече обвинителството, тој бил само за да се фиктивно прикаже дека има некаков договор меѓу двете фирми и на овој договор исто така потписот беше презентиран дека не е потпис којшто го ставил и формалниот управувач и сопственик на „Рубикон“.

За останатите четворица обезбедувачи коишто вечерта биле во дискотеката „Пулс“ исто така беа презентирани докази, односно пронајдени вештачења од примероци од крв и урина. Кај ниту еден не било констатирано дека има присуство на алкохол во крвта, само кај еден психотропни супстанци дека има присуство, но нивната одбрана тврдеше дека всушност тие вечерта спасувале млади животи, а не придонеле за тоа што се случило во дискотеката.

  • Самиот закон предвидува дека такви планови се изработуваат кога се потребни обезбедувачи повеќе од четири, најмалку четири… најмалку пет, извинете. Во конкретниот случај биле четири обезбедувачи според обвинението и поради тоа таков план не бил изработен, а со тоа немаше доказ дека членовите на обезбедувањето имале конкретни задачи како да постапуваат критичната ноќ. Од друга страна, нас одбраната не загрижува што одредени докази кои ни одат во прилог беа обезбедени во текот на истрагата, но не беа презентирани од страна на обвинителството. Докази во однос на лицето за кое се тврди дека ја внело пиротехниката – има докази дека тоа не го сторило, дека ранецот не бил негов кој бил пронајден во дискотеката, рече адвокатот на Захариев.

Обвинителството презентираше докази за план за работа коишто ги имала „Рубикон“, не конкретно за дискотеката „Пулс“, туку за други објекти и во сите тие планови се вели дека обезбедувањето мора меѓу другото да контролира и дали се внесува пиротехника во објектите и токму ова го оспоруваше исто така одбраната.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе