Вести Македонија Најважни

Стевче Јакимовски да се јави во затвор на 2 јули – пишува во упатниот акт на Кривичниот суд

Во текот на претпладнето, надлежен судија за извршување на санкции во скопскиот Кривичен суд изготвил упатен акт за издржување на затворската казна за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакикомски- потврдија за Телма од судот.

Според претставници на судот, упатниот акт е издаден за 2-ри јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот соопшти дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена општина Карпош. Јакимовски има речиси 5 месеци издржано мерка притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци од казната. Јакимовски во телефонски разговор ни рече дека до денеска воопшто ја нема добиено правосилната судска пресуда од Апелација која сака да ја обжали пред Врховниот суд. Поранешниот градоначалник на Карпош ја обвини власта дека стои зад пресудата, а судиите ја донеле под притисок иако тој лично не им се лути. Осудениот екс градоначалник на Карпош смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината бидејќи тој смета дека ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на скопската општина, Сотир Лукровски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе