Вести Македонија Топ вести

Ниту една турскo граѓанскo здружение не доби пари од буџетот – од ДКСК бараат да утврди по кој принцип Министерството за односи меѓу заедници ги делело парите

Фактот што ниту една турска граѓанска организација оваа година не доби поддршка од буџетот во износ од 17 милиони денари, наменет за здруженија и фондации од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, предизвика големо разочарување и оправдана загриженост кај турската заедница.

Од Партијата за движење на Турците потенцираат дека меѓу 36-те проекти кои добија финансиска поддршка нема ниту еден проект насочен кон турската заедница. Ова отвора сериозни прашања во однос на принципите на еднаква застапеност и рамноправен пристап до јавните средства. Имајќи го предвид мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на државата, целосното изоставување на турската заедница е неприфатливо.

„Основната мисија на Министерството за односи меѓу заедниците е да ги унапредува дијалогот, соработката и меѓусебната доверба меѓу сите етнички заедници во државата. Сепак, практиките во последните години оставаат впечаток дека потребите и барањата на турската заедница не се третираат со потребното внимание. Ваквиот пристап го нарушува принципот на еднаквост и ја поткопува довербата во институциите“, велат од партијата.

„Очекуваме Министерството транспарентно да ја информира јавноста за критериумите и постапката според кои се извршени изборот и распределбата на средствата. Рамноправниот пристап до јавните ресурси за сите заедници претставува основен принцип на демократското владеење.

Истовремено, сметаме дека сите поединци и институции кои имаат одговорност да ги застапуваат интересите на турската заедница не смеат да останат неми пред ваквите случувања. Потребно е заедничко и одговорно дејствување во заштита на легитимните права и интереси на заедницата“, пишува во нивната реакција

Тие ги повикуваат  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител и сите релевантни инситуции итно да ги преиспитаат одлуките и постапките на Министерството за односи меѓу заедниците и да утврдат дали при распределбата на средствата биле почитувани принципите на законитост, еднаквост и недискриминација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегуваме во втората половина од мандатот, мора да бидеме подготвени на сите сценарија за избори – рече Мицкоски

Дејан Дејан

Ги нема нашите забелешки во предлог законот за судска служба, реагира Независниот синдикат на судската администрација

meteo

Судење „Пулс“: Се презентираат докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе