На 10.06.2026 од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило ,,мерцедес бенз’’ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено.
Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од Т.Б.К.(26) од Турција, додека пак од извршениот преглед и контрола во товарниот дел пронајдени се шест вреќи, во кои имало 118 парчиња кожен материјал.
По насоки на дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, лицето е лишено од слобода по член 278-б „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и спроведено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.
