Денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и непреземени обврски.
Изведени беа фотодокументација и докази обезбедени од претресот на канцеларијата на „Рубикон“ и одземената документација.
На почетокот судот до Обвинителството достави предлог од одбраната на обвинетите на Александар Нацев и Јане Јанчевски да не се изведуваат доказите што произлегуваат од изготвена анализа за присуство на метаболити во крвта и урината кај обвинетите како незаконити и нерелевантни.
Одбраната се противеше на изведување на овој доказ.
– Се противам на изведувањето овој доказ како ирелевантен за предметот и не утврдува факти релевантни за кривично-правниот настан – изјави адвокатот на Нацев.
Обвинителството посочи дека овој доказ е обезбеден со наредба на ОЈО Скопје и е доставено до ОЈО Кочани со писмен допис од 27 јуни 2025 година и е предложен во листата на докази за обвинетиот Александар Нацев
