Вести Свет Фудбал

Инфантино пред Мундијалот: „Ние не сме кралеви на светот, смирете се и уживајте во забавата“

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, имаше прес-конференција во Мексико Сити за почетокот на Светското првенство. Медиумскиот центар беше сведок на тешки прашања поврзани со американскиот визен режим, геополитичките тензии и енормните цени на билетите.

Инфантино по тие прашања ја повика јавноста едноставно да се релаксира и да ужива во фудбалот, но неговите изјави наидоа на сериозни критики поради очигледните двојни стандарди.

Новинарите на Би-Би-Си прашаа дали ФИФА ја изгубила контролата врз сопствениот турнир штом политичарите одлучуваат кој може да учествува, Инфантино одговори дека тие не се кралеви на светот, викањето според него може да има спротивен ефект.

Жално е тоа што му се случи на Омар, но ние не контролираме сè. Можеби е добро малку да се олабавиме и да се релаксираме, бидејќи викањето понекогаш го има спротивниот ефект. Ние не сме кралеви на светот“, изјави претседателот на ФИФА, прашувајќи ги британските новинари дали би било нормално неговата организација да ѝ диктира на владата во Лондон кого да пушти во земјата за Светското првенство за жени во 2035 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере

meteo

Неосновано исплатени 236 илјади евра на 235 корисници на социјална помош

Дејан Дејан

Полицајци на мотор бркале скопјанeц кој ги удрил и повредил еден од нив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе