Вести Македонија Топ вести

Владата смета дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“, но земјиштето е приватно

Владата останува на ставот дека новиот клиничкиот центар во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и подземно да се поврзе со Градската болница „8 Септември“ – рече на денешниот брифинг премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека според Владата, ова е најдоброто решение.

  • „Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница ‘8 Септември’. Тука ни се ПЕТ-центарот и Поликлиниката ‘Букурешт’ и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс“, рече премиерот

Земјиштето на кое би требало да се гради новиот клинички центар, како што рече Мицкоски, е приватно, а Владата во моментов е во преговори со сопственикот на парцелата. Се преговара да се направи трампа земја за земја. Премиерот вели дека засега е задоволен како течат преговорите по однос на ова прашање.

Ќе почека изградбата на нов Клинички центар – надлежните размислуваат градската болница „8 Септември“да стане регионален болнички центар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе