Вести Економија Најважни

Нов бран поскапувања, превозот и храната со најголем скок на цените

Поскап транспорт, храна, пијалаци. Статистика измери 4, 8 отсто инфлација во мај годинава во однос на мај лани. Цените на мало пак пораснале за 5, 6 отсто. Од документот на статистичарите може да се види дека за една година речиси се поскапело. Најмногу транспортот,  за 11 отсто.

Од храната пак ударот е најголем кај месото. Од лани до сега тука цените пораснале  за скоро 9 проценти, потоа следи маслото, млекото, јајцата, безалкохолните пијалаци.

Како и секој месец и овој пат граѓаните се пожалија од скапотијата.

Економистите сметаат тоа што има сериозно поскапување кај транспортот е доказ дека глобалните случувања се целосно прелеани на домашен терен. Велат на воениот конфликт не можеме да делуваме,  но мора да видиме што може да направиме дома. Без разлика каков е буџетот сметаат дека пари за мерки мора да се најдат.

Три месеци слушаме дека владата ја следи ситуацијата. И ете реагираа со акцизата со не знам што кај цената на нафтените деривати. Очигледно не е доволно за одредена категорија на граѓани. И Владата треба да седне и да прави многу по суштински мерки и таргетирани мерки 20 или колку пати го кажавме, особено кон оние граѓани кои живеат во релативна сиромаштија, изјави за Телма, универзитетскиот професор Ванчо Узунов

Премиерот Мицксоки неколку пати  посочи дека освен оние за горивата се разгледуваат и други мерки без да открие за што станува збор. За било какви евентуални одлуки против цените постојано се соопштува дека се чекаат  податоците од статистика и анализата од пазарна па да се види како понатаму.

Министерот за економија Дурмиши пак спомена дека во игра е повторно ограничувањето на ДДВ, мерка од која не се воодушевени некои дел од познавачите.

И Владата и НБРМ ја ревидираа стапката за инфлација за годинава. Очекуваат таа да биде поголема од првичните прогнози.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Владата е пред чекор на решение самата да го гради Чебрен и Галиште- проектот би чинел 1,5 милјардa евра

Дејан Дејан

Скопје и Атина ќе работат на унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита, со поддршка на СЗО

Дејан Дејан

Законите за судска и јавнообвинителска служба поминаа во прво читање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе