Вести Македонија

Утре на владина седница ќе се одлучува кој ќе биде нов претседател на Советот за македонски јазик по оставката на Груевска-Маџовска

На утрешната владина седница ќе се знае кој ќе биде нов претседател на Советот за македонски јазик. Вакавата одлука следи по оставката на професор Симона Груевска -Маџоска која беше на чело на Советот година и половина. Новиот претседател на Советот за македонски јазик се бира по претходна согласност на министерот за култура и туризам и министерот за образование и наука, а го назначува владата. Министерот Љутков не сакаше да ги открие причините за оставката на Груевска – Маџоска.

„Па нема да ги коментирам тоа се лични причини на претходната претседателка, така што не би ги коментирал“, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Во својата објава за неотповиклива оставка професор Груевска -Маџоска тогаш наведе дека преку некои работи не може да се премине. Во меѓувреме и покрај тоа што Законот за употреба на македонскиот јазик е донесен пред повеќе од три години, се уште Инспекторатот за македонски јазик не функционира, ниту е завршена Националната стратегија за македонски јазик.

„Постапката за вработување на петмина инспектори започна, од помлад инспектор до советник инспектор, значи постапката е во тек. Сега се прави селекција на пристигнатата документација, потоа ќе продолжи постапката се до крајната цел до изборот на кандидатите кои што ќе бидат вработени како инспектори по македонски јазик“, изјави Менче Андреева, директорка на Инспекторат за македонски јазик.

Во рамки на денешниот брифинг со новинарите министерот Љутков информираше и за реконструкцијата на повеќе објекти, меѓу кои и шалтер салата на Пошта.

„Мора прво да го затвориме горниот дел, кровната купола, а потоа да може да се работи на конзервација внатре“, додаде Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Ќе биде ли готова за Скопје-  европска престолнина на културата 2028?

„Не, не верувам. Таа не ни во план да биде готова во 2028 година, бидејќи е многу подолг процес за разлика од класичните градби бидејќи внатре има поголем дел на работа во однос на конзервацијата“, одговои Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Љутков заклучи дека заштитата на културното наследство, традицијата и  уникатните локации на Македонија пред меѓународната публика, но и поддршката за современото творештво и понатаму се приоритет за Министерството за култура и туризам.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Атина ќе работат на унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита, со поддршка на СЗО

Дејан Дејан

Законите за судска и јавнообвинителска служба поминаа во прво читање

Дејан Дејан

Нова ограда за заштита на градилиштето кое проголта тротоар

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе