Вести Култура Македонија

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Студенти од ФДУ пред и во ЦК „ Марко Цепенков“ изведоа парчиња од драмските текстови на Дејан Дуковски . Беше отворена изложба од авторката Јасмина Алексова со 75 плакати од претстави, работени по текстови на Дуковски.Беа промовирани две книги со неговите драми, во издание на „ Арс Ламина“, а за творештвото  на авторот, во рамките на домашната постмодерна во литературата и театарот,  зборуваше уредничката на книгите Оливера Ќорвезироска. Со Дуковски пред публиката разговараше уметничката директорка на фестивалот Ана Стојаноска, која го напиша поговорот за книгите. За Дејан , присуството на фестивалот е оддолжување кон публиката, зашто како што кажа, овдека биле неговите почетоци. Телма го праша како настануваат неговите текстови ?

„Секогаш ми е прилично долг овој процес на инкубација, на собирање материјал, на некаква подготовка за самото пишување. А, после процесот на пишување е прилично манично- трескавичен. Влегуваш во некаква треска. И настанува тоа што настанува“, рече Дејан Дуковски – драмски писател и сценарист.

Две претстави од натпреварувачката програма , со општествен ангажман, ја обележаа фестивалската вечер. Театарот за деца и младинци ја изведе претставата „ Челинџ“, работена по текст и во режија на Јане Спасиќ. Оваа постановка за деца над 12 години, зборува за врсничкото насилство во училиштата, за неефикасноста на образовниот систем да се справи со проблемот, за младите- жртви на сајбер насилството и за нивната зависност од дигиталните уреди. Ликот на Немања- жртва на булинг го толкува Никола Наковски.

„Се трудевме да ги разработиме проблемите на младите денес. Затоа што мислам дека и ние во наше време кога бевме млади имавме слични проблеми. Но, денес за жал, тие проблеми се на едно многу повисоко ниво“, вели Никола Наковски- актер.

А, Народниот театар од Штип ја изведе сатирата „ Случајната смрт на еден анархист “, по текст на италијанскиот автор, нобеловец и активист , Дарио Фо. Иако текстот е напишан пред 56 години по вистинит трагичен настан во Италија, постановката  на режисерката Ивана Ангеловска ја открива неговата универзална вредност, доловувајќи ја бескрупулозноста и манупулацијата на власта, но и протестот на поединецот поради тоа.Главната улога на Лудиот, низ ефективни трасформации ја игра Ефтим Трајчов- Ѓаурски .

„Тој е нели лудак , но толку реално ги претставува работите што манипулира со сите останати. Манипулира за да ги доведе во ситуација , во која и ние сме доведени до манипулација“, рече Ефтим Трајчов Ѓаурски – актер.

Интеракцијата со публиката и демистификацијата на самиот театарски чин се додадени вредности на претставата .

За Телма од Прилеп-Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова ограда за заштита на градилиштето кое проголта тротоар

Tea Dimkovska

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе