Вести Свет

Мерц: ЕУ ќе почне постепен процес на интеграција на Западен Балкан

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европска Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и да испрати сигнал дека се посакувани како полноправни членки,

Јасната порака од денешниот состанок е и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме овој регион и земјите во него наскоро да станат членки на ЕУ, истакна Мерц по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Германија и Франција вчера претставија нова иницијатива за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан и Молдавија, нудејќи поголеми придобивки од интеграцијата пред полноправно членство, вклучително и привилегиран пристап до европскиот единствен пазар и можност за испраќање набљудувачи во институциите на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе